Најмалото дете на починатиот Мајкл Џексон, синот Биги го избегнуваше вниманието на јавноста и сега проговори за својот татко во емисијата „Добро утро Британија“.
19-годишникот, со надимакот Бланкет, даде интервју на забавата на неговиот брат Принц Мајкл Џексон I (24) за Ноќта на вештерките во нивниот дом во Калифорнија, со цел да собере средства за фондацијата The Heal Los Angeles. која им помага на децата и младите да водат нормален живот.
„Има многу историја во оваа куќа и студио. Тоа е се што сакаше татко ми. Тоа е сè што секој од нас сака да прави, да создава работи во кои луѓето можат да уживаат и да им донесе некои придобивки“, рече тој.
Биги, чие вистинско име е Принц Мајкл Џексон II, имал само седум години кога починал неговиот татко. Воспитувањето на него и неговата постара сестра Парис (23) и братот Принс падна врз нивната баба Кетрин (91).
Најмалото дете на кралот на попот сега живее во калифорнискиот град Калабасас во вила од 6.300 квадратни метри што ја купил минатата година. Во неговото соседство живеат многу ѕвезди, меѓу кои и Џон Таволта.
Инаку, покојниот пејач често го криеше лицето на Биги и неговите брат и сестра со маски додека тие се појавуваа во јавноста бидејќи сакаше никој да не знае како изгледаат за да имаат нормално детство. Но, тоа не беше баш изводливо и сите се сеќаваат кога Мајкл го покажа својот најмлад син на балконот на еден хотел во Берлин.
Го завиткал во ќебе, што го направил уште неколку пати и му го дал прекарот Бланкет. „Ќебето е благослов, начин на покажување љубов и грижа“, објасни еднаш покојниот пејач.
Мајкл го доби Биги со помош на сурогат мајка која беше непозната за јавноста. Синот на кралот на попот пред неколку години призна дека трпел врсничко насилство токму поради прекарот Бланкет, а често може да се слушне дека најмногу наликува на својот татко пред да му го уништат лицето со пластични операции.