Веста која ќе ги воодушеви сите фанови на Бијонсе е дека таа подготви нова колекција на Ivy Park x adidas токму на време за празниците. И во тој дух е дизајниран за опуштено, но и активно дружење со саканите, со, се разбира, малку гламур. Во изгледот доминираат пепита и кариран дезен, кадифено зелена, светки, зелена боја на гринч и големи обрачи за коса.
Покрај пејачката, во кампањата учествуваат и нејзините ќерки Блу Ајви и Руми, децата на Рис Витерспун и Рајан Филип Дикон и Ава и Наталија, ќерката на починатиот кошаркар Коби Брајант. Во видеото играат пинг-понг, кошарка, тенис, читаат книги… на парчиња од новата колекција, а во галеријата погледнете како изгледа новата колекција.