Познатиот канадски пејач Брајан Адамс е позитивен на коронавирус.
За ова ги известил сите свои пријатели и обожаватели преку својот профил на Инстаграм, каде објавил фотографии од себе во просторијата каде што бил тестиран, но и во амбулантата.
Адамс цело време имал маска на лицето, а откри и дека ова му е втор пат да биде позитивен на коронавирус.
– Еве ме, штотуку пристигнав во Милано и по втор пат за еден месец сум позитивен на ковид – напиша пејачот во објавата и им се заблагодари на сите за поддршката.
Тој, инаку, цело време носел заштитна маска, а во Милано пристигнал поради деловни обврски кои сега најверојатно ќе бидат одложени.