Актерката не ја симна насмевката од лицето
Холивудската актерка Џенифер Лоренс и нејзиниот сопруг Куки Марони го очекуваат своето прво дете.
Тие двајца се венчаа пред две години на интимна церемонија, а не ја кријат радоста поради приновата.
Џенифер откако е бремена ретко се појавуваше во јавноста, а сега во друштво на својот колега Леонардо ди Каприо се појави на премиерата на новиот филм и ги воодушеви сите.
Имено, таа веќе е во поодмината бременост, а сега заблеска во долг, златен фустан кој го истакна нејзиниот труднички стомак.
Актерката цело време беше насмеана, а многумина заклучија дека изгледа како вистинска дива, елегантно и отмено.