Инхалирањето со сода ја навлажнува слузокожата и на тој начин ја омекнува слузта и помага во полесно исфрлање.
Најефективен начин да се ослободите од респираторните проблеми. Сода бикарбоната е широко користена во медицината, а се покажала како многу ефикасна во борбата против кашлицата и респираторните проблеми. Најдобар начин е секако инхалирањето со сода, а оваа терапија ја препорачуваат и некои пулмолози.
Еве како тоа влијае на телото:
Инхалирањето со сода ја навлажнува слузокожата и на тој начин ја омекнува слузта и помага во полесно излачување.
Кога страните микроорганизми влегуваат во дишните патишта, кашлањето се јавува како рефлекс за заштита на телото. Кашлицата се развива кога нервните рецептори се иритираат. Со оваа намирница која веројатно веќе ја имате во вашиот дом, можете да ги излечите болките во грлото, затнатиот нос, да ја ублажите кашлицата и да ги исчистите дишните патишта.
Веднаш штом ќе ја почувствувате првата болка во грлото, подгответе ја смесата за плакнење:
Една кафена лажичка сода се става во чаша зовриена вода. Грлото се плакне до пет пати на ден. За ублажување на кашлицата, една кафена лажичка сода треба да се сипе во чаша варено млеко и да се земе пред спиење.
Кај кашлица помага инхалацијата:
Се користи една кафена лажичка сода на литар топла вода. Топлата смеса истурете ја во метален сад, покријте ја главата со крпа и дишете длабоко. Оваа постапка треба да ја повторувате секоја вечер пред спиење.