Има едно нешто што им е особено привлечно…
Верувале или не, новото истражување спроведено од една компанија за кондоми потврди дека дури 73% од нашите посилни половини сакаат да пробаат секс под туш.
Додека водењето љубов на масата во кујната или на мекиот тепих пред каминот звучи ужасно секси (можеби затоа што гледаме премногу филмови), повеќе од половина од мажите тврдат дека сексот под туш е едноставно невозможно да се надмине. Освен тоа, дури 62 отсто од испитаниците рекле дека повеќе би сакале да имаат секс под туш отколку во авионски тоалет.
Кога ќе размислиме, опсесијата на мажот со секс под туш и не е толку бесмислена. Мораме да се истушираме, па зошто да не ја зачиниме таа должност со хмм… оргазам? Оние кои го пробале тврдат дека местото е создадено за страсти и задоволство, а 81 процент од нив би го направиле тоа повторно.