ВАКВИ ТЕСТЕНИНИ ДОСЕГА НЕ СТЕ ПРОБАЛЕ! Од состојки кои ги имате направете ги најпознатите макарони!

popara4 ноември, 20211min00
492796_pasta_f

Доколку сакате оброци кои се подготвуваат брзо, ви предлагаме да ја пробате оваа вкусна паста.

Оваа зачинета паста е апсолутен хит на Тикток, но има и преку 3 милиони прегледи на YouTube.

Состојки:

макарони по желба

За лутиот сос:

1/2 ситно сечкан кромид
1 лажица мелено лук
2-3 лажици маслиново масло
6-7 лажици кисела павлака за готвење
3 лажици доматно пире
1 лажичка мелен пипер
1/2 лажичка пиперка во прав
1/4 лажичка чили во прав
сол по вкус
1/2 лажичка шеќер
1/2 лажица путер
2 лажици рендано сирење
2-3 свежо сечкани листови босилек

Подготовка:

Сварете ги макароните, а во тавче пропржете го белиот лук, а потоа додадете го кромидот. Потоа истурете доматно пире, зачинете и додадете шеќер. Се динста кратко, па се додава павлаката за готвење. Повремено мешајте и динстајте, па додадете путер. Кога ќе се растопи, истурете чаша вода, но онаа во која се варени тестенините. На крај додадете ги макароните и ренданото сирење и убаво измешајте. Украсете со сечкан босилек.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma