Најдолгото затемнување на Месечината во последните повеќе од 500 години ќе се случи во раните утрински часови во петок на 19 ноември и ќе трае неколку часа.
Врвот на делумното затемнување ќе се случи рано во петок кога 97 проценти од Месечината ќе биде затемнет од сенката на Земјата.
Претходното најдолго делумно затемнување на Месечината се случи во 2018 година и траеше помалку од два часа, пренесуваат агенциите.
Затемнувањето ќе биде видливо од сите 50 американски држави, Канада и Мексико, како и делови од Јужна Америка, Полинезија, Австралија и Кина, објави НАСА.
Опсерваторијата Холкомб објави видео во кое детално објаснува како ќе изгледа затемнувањето.
Настанот ќе започне нешто по полноќ и за разлика од затемнувањето на Сонцето, никој нема да има потреба од специјални очила за да може да ја следи оваа појава.