Вакцината против корона ќе биде како вакцината против грип: Модификацијата зависи од соевите

popara10 ноември, 20211min00
korona-virus-830x0

Појавата на нови опасни видови на коронавирус може да направи неопходно да се менуваат вакцините против вирусот на годишно ниво, како што е случајот со вакцината против грип, изјави главниот научник во Светската здравствена организација, Сомија Сваминатан.

Според неа, производителите сега бараат одговор на прашањето дали можат да ги модифицираат своите вакцини за да се соочат со заканата од нови варијанти на коронавирусот, пренесува Тасс.

„За среќа, вакцините се уште се ефикасни против варијантите што се појавија досега“, рече Сваминатан.

Таа, сепак, предупреди дека не знаеме што ќе се случи во иднина доколку се појават варијанти против кои вакцините не делуваат.

Како што истакна таа, производителите и научниците сакаат да бидат сигурни дека можат брзо да ги менуваат вакцините и дека работата веќе е во тек.

Таа додаде дека СЗО работи со производителите и научниците, како и со регулаторните тела, за да се осигура дека новите модифицирани вакцини ќе бидат брзо одобрени.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma