Малку се оние кои по првите тренинзи и вежби не се жалат дека имаат воспаление на мускулите и дека ги „боли цело тело“.
Професионалните тренери и физијатри тврдат дека тоа е случај со повеќето почетници и дека поради неподготвеноста се јавуваат непријатни болки, но и дека тоа не треба да ги натера да се откажат од тренинзите.
Како настанува
– Кога тренираме напорно или работиме некоја тешка физичка работа, а телото не е навикнато на таков напор, доаѓа до микро-оштетување во структурата на мускулните влакна. Воспалението обично се појавува дури следниот ден, но оние кои редовно тренираат имаат многу благи воспаленија, кои лесно се надминуваат или воопшто ги нема – пишува „Men’s Health“.
Колку трае
Во зависност од интензитетот на вашиот тренинг, воспалението на мускулите обично трае од 24 до 72 часа по тренингот.
Како да се спречи
На почетниците им се препорачува да направат план за вежбање со инструкторот пред тренингот, на кој постепено ќе се прилагодуваат со опремата.
Истегнувањето е задолжително – и пред тренинг и после вежбање. Ова ќе ги растегне мускулите и ќе го олесни надминувањето на воспалението. Истегнувањето и загревањето на телото вклучува возење велосипед, прескокнување јаже и џогирање.
Вежбите за загревање се неопходни пред самиот тренинг, бидејќи на тој начин го подготвувате телото за физички напор, а ќе се спасите од можни воспаленија и болки. Трае од пет до 15 минути, а штом почувствувате дека температурата на телото ви е покачена, подготвени сте за тренинг.
Пијте вода бидејќи ја одржува нормалната телесна температура и ги лади напнатите мускули.
Најдобри лекови
Лесна масажа е пријатна и релаксирачка, а се препорачува употреба на кокосово масло
Ставете ладни облоги на критичните места
Прошетајте, колку и да ви е тешко да се движите
Земете таблета магнезиум