Веќе бевме сведоци на враќањето на модните трендови кои ги носеа нашите мајки, а понекогаш и баби, во изминатите две сезони. Сепак, на секои неколку сезони наидуваме на еден тренд, а овој пред нас е еден од нив.
Станува збор за дезен со дијаманти, кариран и пепито кој е во тренд оваа сезона кога е во прашање машката мода, а особено женската. Годинешните колекции се преполни со вакви дизајни, а око ни привлекоа панталоните со широки ногавици во пепито дизајн. Покрај долгите панталони, ќе се носат и популарните килоти, односно широки панталони до колена и бермуди кои летово беа апсолутен тренд.
Карираното ќе се носи во комбинација од волна и популарни Шанел кроеви. Покрај тоа, одлично ќе се носи и како јакни или палта.