Ве мачи тенка коса? Имаме 6 совети за постигнување бујна и раскошна фризура!

popara28 декември, 20211min00
Gigi-Hadid

За обемна и луксузна фризура, следете ги овие шест чекори:

1. Четката е важна

За долгата коса да не изгледа диво и безгрижно, треба да се грижите за деталите, а еден од нив е четката што ја користите. Најдобар избор е она направена од мали влакна кои додаваат текстура на едната страна од косата, а ја измазнуваат нејзината површина од другата и ја скротуваат косата што лета на страна.

2. Добра подготовка

Без разлика каков тип на коса имате, важно е скалпот и коренот на косата да бидат совршено чисти. Двојното шампонирање е задолжително – сигурно сте забележале дека вашиот фризер секогаш ви ја мие косата двапати. Природните масла го отежнуваат коренот на косата, па ако не ја измиете добро, нема да добиете волумен од коренот. Што се однесува до балсамите, не претерувајте. Ставете ја само на долниот дел од косата, на врвовите. Количеството на производот што го нанесувате зависи од должината на косата, но не повеќе од големината на орев.

3. Без сјај

Доколку имате волумен на ум, оставете ги на страна сите производи кои служат за зголемување на сјајот на косата. Тие исто така ја прават косата поцврста и помазна. Наместо тоа изберете протеински и физиолошки спрејови.

4. Пена party

Кога станува збор за волуменот на косата, пената и понатаму е незаменлива. Не се муртете при помислата бидејќи формулите многу напреднаа, а крутите кадрици останаа во 1980-тите. Природната коса нема долго да ги држи локните, а влагата од воздухот лесно ќе навлезе во косата и косата брзо ќе опаѓа. Денешните мусеви, освен што обликуваат убави локни, на косата и даваат исполнетост и контрола на прекумерната влажност. Предноста на пената во однос на другите производи за стилизирање е што можете да ја нанесете на целата должина на косата, а да ставите уште малку по коренот на косата за да добиете дополнителна висина. Ако вашата коса е кратка, нанесете една рака пена, а на долга коса слободно нанесете две.

5. Осигурајте се

За издржливост на фризурата неопходен е лак со средна и силна фиксирачка моќ. Чувајте го лакот на околу 20 cm оддалеченост од косата, во спротивно косата може да изгледа леплива.

6. Вистинската алатка

Производите за стајлинг се доволни за волуменот на витканата коса, но кога зборуваме за права, незаменливи се фигаро и видри. Со извртување на помали прамени, фризурата ќе трае подолго, а за да го намалите оштетувањето на минимум, држете го праменот околу локните само неколку секунди, а потоа оставете го да се лизне од апаратот за да ја задржите косата во форма на полжав. Така завиткано закачете го на коренот со шнола додека не се излади целосно, па дури потоа отпуштете го.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma