Ве нервира ПОДБРАДОКОТ? Ослободете се од него за само неколку потези со овие вежби (ВИДЕО)

popara6 декември, 20211min00
Lice-cisto-lice-koza

Еве како да ги правите овие вежби

Многу жени имаат подбрадок и што и да прават, едноставно не можат да се ослободат од тоа.

Подбрадокот ги менува цртите на лицето и прави да изгледате покрупно, па затоа треба да работите на тоа да се ослободите од него.

Како да го намалите подбрадокот и да имате контурирани и јасни црти на лицето, без дополнителни масти и вишок кожа? Тајната е во едноставните вежби за лице кои можат на сосема природен начин да ја вратат младоликоста и подбрадокот да исчезне.

Еве како да ја направите оваа вежба:

Прво почнете да се загревате. Свртете го вратот надесно, а потоа вратете се во центарот. Потоа свртете го вратот налево и назад кон центарот. Повторете го ова околу 2-3 пати. Сега нежно свиткајте ја главата и повлечете ја брадата навнатре, а потоа преместете ја надесно. Слично свиткајте ја брадата, па поместете ја налево за да направите полукруг. Направете го истото околу 2-3 пати.

Сега полека подигнете ја брадата кон таванот. Почнете да ја движите долната вилица нагоре и надолу неколку секунди. Со ова, ќе можете да ги почувствувате контракциите на вашите гласни мускули. Потоа држете ја брадата во крената положба, полека отворете ја устата и затворете ја.

Направете 10 повторувања на оваа вежба, а потоа опуштете се.

Освен што позитивно влијаат на вашиот изглед, овие вежби можат да бидат забавни и релаксирачки, а нема да ви требаат повеќе од 3 минути. Позитивно ќе влијае на отстранување на подбрадокот, но може да помогне и за затегнување на кожата на вратот и намалување на брчките.

Погледнете го видеото за да видите како да ги направите овие вежби:

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma