Викторија Бекам го собра целото семејство.
Викторија Бекам сподели празнична фотографија од целото семејство, сопругoт Дејвид и децата, Бруклин, Ромео, Круз и ќерката Харпер
Поранешната пејачка, а денес успешна модна дизајнерка, носи долг зелен фустан со нејзиниот потпис. Фустанот неодамна имавме можност да го видиме, а сега Викторија го повтори.
Интересно е што Дејвид се пошегува со сопругата во претходно објавено видео за нејзиното пеење. Додека стоеше покрај огнот и печеше костени, фудбалерот пееше празнична песна кога Викторија на шега рече: „Се трудиш со тој вокал“, кога Дејвид иронично и одговори: „Ох, извини. Жал ми е… Адел“, на што Викторија се насмеа.
Видеото може да го погледнете ОВДЕ.