Не мора веднаш да ја фрлате облеката
За среќа, искуството покажало дека најтешките дамки, всушност, се отстрануваат со најлесните методи.
Црвено вино – што е можно поскоро исплакнете со ладна вода, по можност со средство за избелување.
Чоколадо – оставете го да се исуши, изгребете го, па исперете го во машина.
Дезодоранс – дамките намачкајте ги со течен детергент, а за поголеми дамки користете малку средство против ‘рѓа.
Кафе или чај – исперете во машина за миење садови, но пред тоа нанесете го прашокот за перење директно на дамката.
Кечап – премачкајте ги дамките со течен детергент и евентуално избелувач, а потоа исплакнете. Повторете ја постапката неколку пати доколку дамката не се отстрани.
Лепак – истријте ја дамката со крпа натопена во ацетон.
Млеко – исплакнете ја дамката со ладна вода и измијте ја во машина.
Пиво – исплакнете со топла вода, а потоа исперете во машина.
Овошје – исплакнете со ладна вода, па премачкајте со детергент и ставете ја облеката во машината.
Гума за џвакање – оставете ја гардеробата во замрзнувач неколку часа, а потоа едноставно откинете ја гума за џвакање, а потоа исперете ја ткаенината во машината.