Високи потпетици, гол грб и тесен фустан: ФАТАЛЕН стајлинг на Софија Милошевиќ во ШЕСТИОТ МЕСЕЦ од бременоста (ФОТО)

popara3 декември, 20211min00
cb422b30ab226c62fe2ec2a538d3dc683ce11316

Манекенката уште еднаш облече парчиња кои не можеме често да ги видиме кај трудниците.

Манекенката Софија Милошевиќ не престанува да ги радува своите следбеници на Инстаграм во предизвикувачки и тренди изданија, без разлика што е во шестиот месец од бременоста.

И овој пат нејзиниот стајлинг не остана незабележан. Манекенката носеше фустан со атрактивен животински зебра принт. Фустанот има гол грб, и е залепен за телото, поради што до израз дојде трудничкиот стомак на Софија.

Иако ваквата креација не е карактеристична за жените во поодмината бременост, Софија ја носеше со стил.

Овој необичен фустан манекенката го спои со бели сандали на висока потпетица.

Screenshot 2021-12-03 213651
Screenshot 2021-12-03 213636

Манекенката и овој пат доби грст комплименти на сметка на изгледот и стајлингот.

Да потсетиме, Софија Милошевиќ второто тримесечје од бременоста го поминува во магичната Шпанија со својот избраник, фудбалерот Лука Јовиќ и синот Алексеј.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma