МАСКА ЗА ЛИЦЕ ВО КОЈА СЕ КОЛНЕЛА ПРИНЦЕЗАТА ДИЈАНА: Специјална, а толку едноставна! (РЕЦЕПТ)

3 декември, 20210
240035_profimedia0555296450_ls

Ви претставуваме маска за лице која била секојдневна рутина на најомилената британска принцеза

Принцезата Дијана беше природна убавица, но имала проблеми и со несовршености на кожата, вклучително и розацеа!

И покрај тоа, нејзината кожа изгледаше негувано, сјајно и чисто

Нејзината шминкерка и пријателка Мери Гринвал откри како го постигнувала тоа.

„Таа беше многу разумна кога станува збор за кожата. „Секогаш би се погрижила да ја извади шминката на крајот од денот и да и биде лицето чисто пред да се нашминка“, рече таа.

Princeza Dajana

Таа верува дека принцезата Дијана денес би ги користела сите препарати како креми и серуми за позрела кожа.

Рутината на Лејди Ди вклучувала и едноставна маска за лице од авокадо која помага да се направи кожата сјајна и помека.

Состојки:

половина зрело авокадо

2 лажици топла вода

1 лажица мед

avokado

Подготовка и примена:

Изгмечете го авокадото.

Растопете го медот во топла вода, а потоа додадете го авокадото и измешајте сè заедно во еднолична смеса.

Нанесете ја маската на лицето, оставете да делува 10 минути, а потоа исплакнете ја со млака вода, пренесува „Ljepota & Zdravlje.ba“.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi