Капутите се суптилно парче кое го дава главниот впечаток на целиот изглед во постудените денови! Додека неутралните опции никогаш нема да излезат од мода и секогаш ќе бидат добра стилска опција, дизајнерите и познатите личности ги избираат најдобрите алтернативи и стилски парчиња кои ќе бидат апсолутен хит на сезоната!
Такви се парчињата во неонски бои, а особено капутите во зелена боја.
Подеднакво популарни ќе бидат и опојните нијанси на зеленото, од посветли, жалфија, лимета, нане, од боја на ф’стак до потемни нијанси. Живописната зелена е малку како будење со природата, така што ќе го подигне вашиот стајлинг на посветло ниво дури и во постудени и врнежливи денови.
Тоа го знае и Ријана, избирајќи го својот модел на зелено палто и демонстрирајќи како да го носите за максимален стилски ефект. Пејачката беше фотографирана во Њујорк, на излегување, а зеленото палто со макси должина што доминираше во нејзиниот стајлинг го потпишува Марина Москоне во нејзината предесенска колекција за 2021 година.
И во тренди боја и прилично шик, капутот на Ријана има необични копчиња, струкиран е и несомнено елегантен. Инаку, може да се најде во слободна продажба по цена од 2990 долари.
Ријана има одлични предлози за есенска елеганција, па носеше и палта од зебра, јакни од Прада, пастелни кабаници… И секое парче беше изјава, како и ова зелено палто.