Како што наближува зимата, јасно е дека доаѓа време да се избере парче облека без кое нема да можеме да замислиме денови на дожд, студ и снег. Секако, кога избираме зимска јакна, освен што приоритет ни се удобноста и топлината, не значи дека не можеме да ја комбинираме со најновите модни трендови!
Холивудските трендсетерки тоа најдобро го знаат, вклучувајќи ја и актерката Блејк Лајвли, чиј моден избор секогаш е пофален од љубителите на трендовите. Блејк е мајка на три девојчиња, но и е една од најголемите холивудски ѕвезди, па не е ни чудо што секогаш одговара на удобноста и трендовите.
Американската актерка секогаш дава приоритет на удобноста во постудените денови, па во едно такво парче е фотографирана на улиците на Њујорк. Таа и нејзиниот сопруг Рајан Рејнолдс беа видени како се шетаат по улиците на Њујорк во удобна street style комбинација за есен и јакна која е идеална за преодниот период и почетокот на зимата.
Станува збор за кратка puffy јакна на луксузниот италијански бренд Moncler во боја на слонова коска.
Оваа јакна може да се купи за нешто пониска од 2.000 долари, а Блејк ја искомбинирала со фармерки со пошироки ногавици и патики од популарна марка.
Јакната на актерката стана голем моден хит, но, сепак, некои жени не сакаат да ја носат.
Имено, поради надуениот изглед, особено кога материјалите се лесни, овој модел на јакна може визуелно да ја прошири фигурата кај некои жени.
На Блејк не ѝ пречи и дефинитивно изгледа феноменално!