„Во ред е Ди Каприо да биде повеќе платен од мене“ Џенифер Лоренс објасни како функционираат хонорарите во Холивуд

popara24 ноември, 20211min00
Screenshot_3

Оскаровката Џенифер Лоренс го бранеше фактот дека Леонардо ди Каприо е подобро платен од неа во нивниот нов филм „Don’t Look Up“, иако тие делат две главни улоги.

 

„Лео привлекува повеќе публика во кината. Исклучително сум задоволна и среќна со мојот договор“, изјави актерката за „Vanity Fair“.

 

Неодамна објавениот извештај во Variety откри дека на Ди Каприо за улогата во споменатата реализација му биле исплатени 30 милиони, додека Лоренс ќе добие 25 милиони долари.

 

Тоа значи дека ѕвездата на „Титаник“ и „Волкот од Вол Стрит“ била платена 20 отсто повеќе.

 

Филмот „Don’t Look Up“ е сатирична комедија во режија на Адам Мекеј. Лоренс во него игра докторант кој открива коментар кој се заканува да ја уништи Земјата, а Ди Каприо е професор кој се здружува со неа во обид да го предупреди човештвото.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma