Во четириесеттите ја најде ЉУБОВТА на својот живот: Алесандра Амбросио фатена со згодниот избраник на Хаваи (ФОТО)

popara23 ноември, 20211min00
331369_profimedia0644392701_ff

Познатата манекенка избра дводелен костим за капење, а многумина го забележаа стомачето кое се наѕира, па прашање е дали е во благословена состојба?

Прославената манекенка и поранешен „ангел на Викторија“ Алесандра Амбросио со месеци ужива во љубовната врска со избраникот Ричард Ли, а есенските ноемвриски денови ги искористија за егзотично патување на Хаваи каде уживаат во жешките страсти и романтични прошетки на плажа.

Папараците неколку пати ја фотографираа Алесандра во друштво на згодниот Ричард кој влезе во шестата деценија од животот и со тоа ја потврди врската и љубовта која не може да се сокрие.

На Хаваите се однесуваа многу лежерно иако знаеја дека нивните страсни моменти ќе се појават во светските медиуми. Манекенката избра дводелен црвен костим за капење во кој се познава нејзиниот стомак, а имаше коментари дека можеби е во блажена состојба.

Алесандра и нејзиниот поранешен партнер Џејми Мазур добија две деца, ќерката Ања Луиз и синот Ноа Феникс, а по десет години под ист покрив, во 2018 година решија да ја раскинат свршувачката и секој да тргне по својот пат.

По овој љубовен крах, манекенката влезе во романса со Никола Оди, со кого емоциите блеснаа на прв поглед, во ноќно излегување. Меѓутоа, ниту оваа врска не успеа, па по неколку месеци страдање дојде зрелиот Ричард кој и ја врати вербата во вистинска среќа.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma