Ова правило за „греење“ на ниски температури се применува кај агрегатите од постарите генерации, додека модерната технологија носи промени
Колку време му е потребно на моторот да се загрее во зимски услови? Со децении возачите ги држат своите автомобили во мирување најмалку 10 минути пред да тргнат, но тоа е лоша навика.
Ова правило за „греење“ на ниски температури се применува кај агрегатите од постарите генерации, додека модерната технологија носи промени.
Експертите велат дека нема потреба од загревање на возилото повеќе од една минута, бидејќи не само што трошиме повеќе гориво, туку има и поголемо трошење на подвижните делови.
Полесно со гаста!
Уште поважен е советот да не се претера со гаста во првите 10-15 минути од возењето.
За маслото да достигне работна температура и подеднакво да ги подмачкува сите делови, држете го моторот на ниски вртежи, возејќи бавно и без остри забрзувања.
Индикаторите за температурата на маслото или течноста за ладење не се достапни во многу возила. Доколку ги имате, потпирајте се на нив и бидете „нежни“ со гаста додека не го достигнат оптималното ниво.