Време е да покаже зошто е „модна икона“: Карлеуша започнува бизнис, фановите се воодушевени

7 декември, 20210
Screenshot 2021-12-07 190355

Нејзините креации ќе бидат наменети за жени со секаков вид градби, и слаби, но и за оние со облини

Поп ѕвездата Јелена Карлеуша на прес-конференција по повод новогодишниот настап во еден белградски клуб се појави во фустан кој ги маѓепса присутните.

 

На уште поголемо изненадување на присутните, пејачката сама го создаде провокативниот бел фустан. Карлеуша следната година најави соработка со еден бренд, а фустанот е само вовед во сето тоа.

 

Нејзините креации ќе бидат наменети за жени со секаков вид градби, и слаби, но и за оние со облини

 

– Јас сум креаторот, тоа е уште една ексклузива за денес. Можам да најавам дека во 2022 година ќе има убава соработка со еден бренд, каде што ќе имам колекција од интересни плетени фустани како капсули. Ова не е мој бренд, туку мој прв сериозен чекор напред на моден план, а потоа следи приказна на тема мојот личен бренд – изјави Јелена.

 

– Сè што гледате на мене и уште многу модели ќе биде објавено наскоро. Ќе се продава преку тој бренд. Ова е соработка со бренд кој се занимава со трикотажа за жени од сите облици, големини, тежина, висина. Трикотажата е омилен материјал на сите жени и што е најважно, направив мала колекција достапна за секоја жена – додаде Карлеуша.

 

Судејќи по првиот модел, многу фанови ќе имаат можност да личат на ЈК, која сите со години ја нарекуваат „модна икона“ на естрадата.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *