ГО НАМАЛУВА КРВНИОТ ПРИТИСОК И ХОЛЕСТЕРОЛОТ! Ова магично овошје ги содржи потребните хранливи материи за нашето тело!

popara23 ноември, 20211min00
383400_figs-1620590-1920_f

Смоквите потекнуваат од Блискиот Исток и Западна Азија. Може да се јадат сирови, сушени и богати со шеќер

Смоквите може да се јадат свежи или суви, а нивната природна слаткост ги прави совршена замена за шеќер во колачи и пити. Виолетовата или зелената кора на смоквите се јаде исто како и нивната розова внатрешност. Освен што се вкусни, тие се и многу здрави.

Смоквите содржат есенцијални хранливи материи за нашиот организам

Тие се одличен извор на калциум, магнезиум, железо и витамини А, К и Б6. Полни се со растителни влакна, феноли и флавоноиди, а содржат и голема количина на антиоксиданси кои ја спречуваат и намалуваат штетата што ја прават слободните радикали на клетките.

Смоквите помагаат во намалување на крвниот притисок и холестеролот

Доколку се грижите за здравјето на вашето срце, релативно често треба да се најдат смокви на вашето мени. Докажано е дека можат да влијаат на намалување на крвниот притисок, но и на нивото на холестерол.

Смоквите се добри за дијабетичари

Иако имаат висока содржина на природен шеќер, смоквите воопшто не се лоши за дијабетичарите. Студија од 1998 година покажа дека умереното консумирање на ова овошје ги намалува потребите за инсулин за 12%.

Смоквите поттикнуваат подобро варење

Долго време се користат како природен лек за проблеми со запек. Тоа е затоа што тие содржат растворливи влакна, кои се добри за здравјето на вашите црева.

Смоквите се добри за кожата

Кремите кои содржат екстракти од суви смокви помагаат во борбата против егземата и сувата кожа. Поради содржината на антиоксиданси во смоквите, тие се и добар сојузник против брчките.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma