Го намалува ризикот од болести и е одличен извор на хранливи материи: Еве како една чинија ГРАВ неделно прави чуда!

popara4 декември, 20211min00
320512_shutterstock-211062811_ff

Многу луѓе го обожаваат гравот – на кој начин и да е подготвен! Знаеме и дека е здраво, но можеби не сте знаеле колку всушност е корисно. Кога ќе ги погледнете сите негови благодети, веднаш ќе го подготвите за неделен ручек!

Зошто гравот е толку здрав?

– тој е одличен извор на протеини
– не содржи заситени масти и холестерол
– содржи есенцијални амино киселини

Студијата објавена во стручното списание на Медицинската асоцијација на Канада покажа дека гравот е одличен извор на влакна и бројни лековити материи.

Гравот содржи и бројни минерали, како што се калиум, калциум, фосфор, железо, магнезиум, натриум и цинк, потоа лецитин и е добар извор на фолати, витамини Б2, Б3 и Б6, како и витамин К.

Колку често треба да се консумира?

Една порција грав обезбедува дури 20% од дневната потреба за внес на влакна. Препорачаната доза е три шолји грав неделно – според упатствата за здрава исхрана на американската влада.

Prebranac, Pasulj

Има превентивно дејство против болести

Се наведува дека диетата која редовно вклучува грав го намалува ризикот од важни и потенцијално смртоносни болести.

– ги штити клетките на ракот
– го намалува ризикот од срцев удар

Дополнително, една студија на истражувачите од Харвард истакнува дека жените кои почесто јадат грав имаат помали шанси да развијат рак на дојка, висок крвен притисок и дијабетес тип 2.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma