Потребно е: 500 мл млеко, 2 лажици какао, 1 ванилин шеќер, 60 гр млечна чоколада, 2 лажички путер од кикирики, шлаг, парчиња чоколадо и кикирики
Подготовка:
Истурете го млекото во сад и ставете го на шпорет, додадете какао, ванилин шеќер и млечно чоколадо.
Оставете да зоврие и оставете да се растопи чоколадото.
Извадете го од шпорет и измешајте го путерот од кикирики, не мора целосно да се стопи, слободно оставете парчиња да останат цели.
Истурете во чаши и декорирајте со шлаг, парчиња чоколадо и кикирики.