Дали гледате зајак, патка или и двете: Одговорот открива дали сте рационалист, емотивец или креативец

popara1 декември, 20211min00
patka-zec-opticka-iluzija-830x0

129 години подоцна, оваа оптичка илузија повторно ги вознемирува луѓето ширум планетата

Тестовите засновани на „декодирање“ на оптичките илузии датираат уште од античко време, а во последните години се исклучително популарни меѓу корисниците на Интернет и социјалните мрежи.

Оваа илустрација првпат се појавила во германското забавно списание Die Fliegenden Blätter уште во 1892 година; филозофот Лудвиг Витгенштајн ја користел во својата теорија на двосмисленост – идејата дека сликата може да се разбере на два различни начини. Тоа било и тест за креативност и брзина на размислување. Насловот бил „Зајак и патка“.

Сега, 129 години подоцна, оваа оптичка илузија повторно ги вознемирува луѓето ширум планетата.

Имено, повеќето луѓе прво гледаат патка, а неколку секунди подоцна и зајак.

Креативноста лежи во тоа колку брзо можете да ја промените сликата од еден лик во друг. Врвот на креативноста е гледањето на двете во исто време.

Меѓутоа, што се крие зад тоа ако прво видовте патка или зајак?

Ако видовте патка

Многу е веројатно дека вашиот живот се состои од емоционални импулси. Често имате брзи промени во расположението и склони сте кон ненадејни одлуки.

Во речиси 90 проценти од ситуациите одлучувате со срцето, а не со главата. Имате силна интуиција и кога погрешно проценувате личност, се лутите на себе.

Ако видовте зајак

За вас важи „двапати мери, еднаш сечи“. Не постапувате ако претходно не сте ги разгледале сите последици од секоја акција. Логиката обично го зазема првото место во вашиот живот, иако не мора да значи дека сте ладна и бесчувствителна личност.

Имате длабоки чувства, но ваша голема предност е што не „трошите“ залудно. Нема да ги трошите нервите и времето на некој кој не ве заслужува.

Ако ги видовте и двете

Имате баланс помеѓу емоциите и разумот. Со сето тоа, вашата креативност лежи во тоа колку брзо можете да ја промените сликата од еден лик во друг. Врвот на креативноста е гледањето на двете во исто време.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma