Ова изгледаше како злобна одмазда, Ирина дојде да го поддржи поранешниот сопруг, но со својата девојка со која разменуваше нежности на сред црвениот тепих
Ирина Шајк дојде со својата партнерка на премиерата на новиот филм на Брејди Купер. Таа блескаше во црн костум, а наместо кошула облече оскудно боди, кое едвај ѝ ги покриваше градите.
Сите ја паметиме Ирина од последната премиера на филмот на Бредли Купер. Тогаш ни беше жал за неа бидејќи хемијата помеѓу Бредли и Лејди Гага беше неверојатна. Дека не ни се причинило, доказ е нивниот развод кој се случи по таа премиера. Сега Ирина повторно дошла да го поддржи поранешниот сопруг, но со себе понела интересна придружба. Рака под рака прошета на црвениот тепих со манекенката Стела Максвел. Манекенките беа вистински спектакл откако разменуваа нежности пред сите.
Се прашуваме дали ова е најдобрата одмазда на Ирина Шајк на нејзиниот поранешен сопруг?
По разводот со Бредли, Ирина беше во кратка врска со Канје Вест со кој се познава со години. Но, таа љубов траеше само неколку недели, додека таа неколку пати беше видена со Бредли во пријателски разговор.
Да видиме дали Ирина ќе ја продолжи врската со Бредли или ќе ја донесе Стела на некоја и од следните премиери…