Раперот Канје Вест не се откажува од намерата повторно да ја освои ријалити ѕвездата Ким Кардашијан. Имено, тој купил вила преку патот на куќата во сопственост на неговата поранешна сопруга.
Сепак, дали тоа ќе им пречи на неа и на нејзиниот 14 години помлад партнер, комичарот и актер Пит Дејвидсон, со кој неодамна ја официјализираше врската, останува непознато.
Канје очигледно е решен повторно да влезе во срцето на популарната старлета, па дури и платил за вилата милион долари повеќе отколку што се продавала куќата. Раперот платил 4,5 милиони долари за прекрасен имот кој се простира на 3.000 квадратни метри во Лос Анџелес. Она што ѝ е познато на јавноста е дека тој во својата вила има најмалку 5 спални соби и 3 бањи.
Да потсетиме и на говорот што го одржа неодамна, а во кој изјави дека верува оти Бог повторно ќе ги спои него и Ким.