Здравата и чиста кожа е повеќе од половина добар изглед
Но, на здравјето на кожата и косата влијаат многу сегменти, од начинот на нивното одржување, до храната и надворешните влијанија.
Козметичките третмани се спас, но не секој има средства да си дозволи нега на лицето кај козметичар.
Затоа еве еден практичен совет како да направите маска за лице дома со само три состојки.
Потребно ви е:
Половина банана
2 лажици житарки (по избор, може зоб, овесни снегулки…)
лажица мед
По потреба може да додадете и розова вода
Постапка:
Изгмечете половина банана и измешајте со житарките, додадете една лажичка мед. Додадете малку обична вода или розова вода по желба.
Оставете 5 минути добро да се соединат сите состојки и потоа нанесете на веќе исчистеното лице.
Оставете ја маската да делува 10 до 15 минути, а потоа втријте ја на лицето со кружни движења. Ова дополнително ќе ги отстрани сите нечистотии што се насобрале во порите на вашето лице. Не заборавајте на вратот и градите!
Оваа маска можете да ја практикувате секоја недела, барем двапати. Природните состојки ќе ја вратат свежината на вашата кожа, ќе го направат вашето лице помалку мрсно и помеко.