Дали се согласувате со ова? Науката даде пет причини зошто жените се подобри ВОЗАЧИ од мажите

popara8 декември, 20211min00
Zena-u-kolima-1-2048x1365

Жените се посмирени и почесто ги следат правилата

Натпреварувањето меѓу двата пола отвори прашања на кои многу луѓе немаат одговор или барем до неодамна гo немаа.

Вечното прашање е кој е подобар возач.

Мажите, често многу енергично, тврдат дека се подобри, а потоа ги наведуваат своите вештини.

Жените, пак, своето верување дека се подобри најмногу го бранат со мудро молчење, а ретко се фалат со своите вештини. Барем така вели една британска студија.

Кога ќе се погледнат некои карактеристики на двата пола, статистиката на сообраќајните несреќи и бројот на прекршоци, одговорот изгледа појасно.

Кој е посмирен?

Американската непрофитна фондација за безбедност во сообраќајот спроведе истражување минатата година во кое утврди дека мажите се поагресивни додека возат.

Машките возачи се повеќе склони кон големи брзини, како и поризично однесување зад воланот. Тие почесто им свират на другите возачи, почесто претекнуваат, поминуваат на црвено и слично, додека жените се посмирени.

Кој е пофокусиран?

Американскиот институт за осигурување и безбедност на автопатиштата пред четири години откри дека на мажите им е полесно да одлутаат во своите мисли додека возат, додека жените се фокусирани на самиот пат.

Кој е поневнимателен?

Пред неколку години, тим италијански научници спроведе студија, која покажа дека мажите се многу порелаксирани зад воланот, во смисла дека почесто од жените возат без појас, слушаат гласна музика, грицкаат нешто или пушат додека возат.

Кој почесто вози под дејство на алкохол?

Центарот за контрола и превенција на болести пред извесно време излезе со соопштение во кое тврдат дека мажите двојно почесто возат под дејство на алкохол, а со тоа ја загрозуваат безбедноста на другите.

Кој почесто прави несреќи?

Студијата на Американскиот институт за осигурување и безбедност на автопатите покажа дека повеќе сообраќајни несреќи со смртни случаи предизвикуваат мажите. Веројатно се работи за комбинација од сето горенаведено.

На сите возачи им се препорачува претпазливост зад воланот. Не сакавме да ги обесхрабриме мажите со овој текст, нема сомнеж дека во голем број случаи тие се одлични возачи.

Сепак, тие се оние кои речиси секогаш пристигнуваат на време, одлично се снаоѓаат во незгодни ситуации и гужви и ја знаат секоја кратенка.

Да не се лажеме и подобро паркираат.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma