Дали се случува и не можете да одолеете на десертот? Дали некогаш сте изеле цело пакување слатки за само неколку минути и се чувствувате како да можете да „преживеете“ еден ден без нешто слатко?
Научниците од Медицинскиот факултет Ичан во Америка открија дека шеќерот може да предизвика зависност и до 8 пати посилна од зависноста од кокаин. Според истражувањата, храната која предизвикува најголема зависност е пицата, поради големиот број на скриени шеќери кои можеме да ги најдеме во само едно парче. Заедно со пицата ги има и чипсот, бисквитите и сладоледот.
Шеќерот е насекаде
Шеќерот предизвикува наплив на допамин, што веднаш прави да се чувствуваме одлично. Сепак, ова чувство не трае долго, па мозокот бара повеќе, а со текот на времето ќе бара повеќе за да го постигне тоа чувство на еуфорија. За жал, не треба многу труд за да се задоволи оваа зависност бидејќи шеќерот е буквално насекаде.
Овесната каша, јогуртот и протеинските барови, на пример, се познати како здрава храна, но тие всушност можат да ја зголемат вашата зависност од слатки.
Намалете го внесот на шеќер
Не само што ќе станете зависни од прекумерно консумирање шеќер – може да развиете дијабетес, срцеви заболувања и акни. Ќе ја намалите желбата за слатки кога водата ќе биде вашиот главен пијалок. Јадете „вистинска храна“ наместо спакувани грицки, вежбајте и секако спијте доволно.