Само за најхрабрите
За многу парови, водењето љубов секој ден е мисловна именка.
Но, ако сте доволно храбри, тогаш сигурно ќе ве интересира овој голем секси предизвик.
Сè започна со приказната за еден пар што беше објавена на Reddit.
Тие двајца решиле да го подобрат љубовниот живот, па направиле цел план на „активности“ за целиот месец.
Идејата за предизвикот во меѓувреме се прошири на социјалните мрежи и стана вистински хит.
А во пракса изгледа вака:
Ден 1 – Водете љубов во било кое време, што досега не ви било вообичаено.
Ден 2 – Прелистајте книга со секси пози или гледајте видео, а потоа изберете неколку нови пози што сакате да ги испробате.
Ден 3 – Денес водете љубов двапати.
Ден 4 – Земете некое еротско четиво и прочитајте го заедно пред сексот.
Ден 5 – Направете го тоа под туш.
Ден 6 – Направете си масажа на целото тело пред сексуалниот однос.
Ден 7 – Направете го тоа набрзина, нека трае најмногу 10 минути.
Ден 8 – Отидете некаде на излет, паркирајте и водете љубов во автомобилот.
Ден 9 – Имајте односи на каучот или на софата.
Ден 10 – Дајте си еден на друг сензуална масажа со масло пред акцијата.
Ден 11 – Само орален секс.
Ден 12 – Дозволете ѝ да доминира во креветот.
Ден 13 – Таа има задача да го доведе до кулминација користејќи го само своето тело.
Ден 14 – Најдете ново, неиспробано место во станот за водење љубов.
Ден 15 – и двајцата партнери мора сами да ја достигнат кулминацијата.
Ден 16 – Искачете се на ново ниво на Кама Сутра. Обидете се со две или три нови пози.
Ден 17 – Користете секси играчки.
Ден 18 – Гледајте филмови за возрасни заедно.
Ден 19 – Имајте односи без пенетрација.
Ден 20 – Напишете ги вашите фантазии и испратете му ги на партнерот.
Ден 21 – Заедно посетете секс шоп.
Ден 22 – Доведете ја до оргазам без пенетрација.
Ден 23 – Одморете… Уживајте во вашиот обичен секс.
Ден 24 – Играјте секси игра, како што е покер на соблекување или нешто слично.
Ден 25 – Водење љубов за смирување на страстите.
Ден 26 – Дозволете тој нека доминира.
Ден 27 – Вечерајте во ресторан со допирање под масата.
Ден 28 – Обидете се да имате ден со повеќе оргазми.
Ден 29 – Нека фрлањето паричка одлучи кој ќе доминира.
Ден 30 – Останете будни цела ноќ, или колку што можете подолго, со постојано водење љубов.
Колку од овие задачи би можеле да завршите за еден месец?