Покрај коренот, корисни се и семките од морков
Дали сте знаеле дека еден коренест зеленчук содржи дури 200 отсто од дневните потреби на човекот за витамин А?
За тоа колку морковите се здрави, а на вашето тело влијаат калиумот, бета-каротинот и влакната со кои е богат, нема потреба да се зборува многу и детално.
Можеби не сте знаеле, но исто толку хранливи материи, покрај коренот на морковот, содржат и неговите семки, од кои се прави масло.
Маслото од морков е совршен начин за нега на косата и скалпот.
Маслото од морков има регенеративни, заштитни и антибактериски својства. Тоа значи дека ова масло има речиси магично дејство на вашата коса и кожа, бидејќи ја обновува и зајакнува косата, го спречува опаѓањето, го поттикнува растот, го решава првутот и испуканите врвови.
Исто така, ова масло има антихипертензивно дејство, односно ја подобрува циркулацијата на крвта. Витамините А, Б, Ц и Е, фосфорот и магнезиумот ја штитат косата од УВ зраците и загадувањето однадвор.
Хидратацијата на косата и скалпот е исклучително важна, особено во постудениот дел од годината.
Овој препарат е совршен за луѓе со сува и виткана коса. Исто така, неговата употреба се препорачува за оние кои сакаат да ја зајакнат косата и да ја направат помека и свиленкаста.
Како се користи?
Според советите на експертите, маслото од морков треба да се нанесува еднаш или двапати неделно на косата и скалпот.
Овој препарат може да се користи и како хидратантен крем за суви и испукани краеви. Маслото треба да го оставите неколку часа, а потоа да го измиете со шампон. Оние со сува или виткана коса можат да го остават маслото на косата преку ноќ.
Ова ќе ја заштити вашата коса од кршење и ќе ја направи мека како свила.