ДАЛИ ТОА Е ИНДИВИДУАЛНА РАБОТА ИЛИ СЕПАК ИМА ПРАВИЛО: Кое време од денот е најдобро за секс?

popara12 декември, 20211min00
Screenshot 2021-12-12 223456

Тешко е да се одреди кога е најдоброто време од денот за водење љубов, бидејќи тоа е индивидуална работа. Секое време од денот има свои предности и недостатоци. Еве што велат експертите, кои се придобивките од утринското, попладневното и вечерното водење љубов.

По утрото денот се познава, па да почнеме со позитивните аспекти на утринскиот секс. Има многу придобивки, од лесна утринска вежба до започнување на денот со хормоните на среќата и добро расположение, пишува Mind Body Green.

– Нивото на тестостерон природно е највисоко во човечкото тело наутро, а токму тоа е причината зошто мажите имаат утринска ерекција. За оние кои се будат рано, сексот е одличен начин да го започнат денот“, вели сексуалниот терапевт Тами Нелсон.

Голем број на парови уживаат во утринскиот секс, бидејќи телото е опуштено после добар сон, вели секс тренерот Џиџи Енгл.

– Долниот дел од карлицата не се грчи од стрес, а пулсот е понизок, што може да помогне да се опуштите и да се чувствувате позадоволни. Иако тоа не е случај со сите луѓе, вреди да се проба“, вели таа.

Таа истакна дека утринското препуштање на страстите има и свои лоши страни.

– Веднаш по будењето вашето тело мирува, па чувството на задоволство не е како кога сте целосно будни. Вашите нервни завршетоци сè уште спијат – објаснила таа.

А попладневниот секс има свои предности. За луѓето кои не се утрински птици, самата помисла на утринскиот секс може да биде одбивна.

– Многу луѓе сакаат да станат, да се истушираат и да ги измијат забите пред секс. За други, утринскиот секс би предизвикал уште поголем замор и помалку чувство на живост“, вели терапевтот Нелсон, пишува Klix.ba.

Од друга страна, препуштањето на страсните прегратки навечер за многумина е убава мисла, но немаат доволно енергија за тоа по напорниот ден. И тука доаѓаме до попладневниот секс, кој е точно на средина. Човекот доволно се буди до попладневните часови и може максимално да ужива. Од друга страна, се уште не е исцрпен од бројните обврски.

Вечерниот секс сè уште им е омилен на многумина бидејќи заспиваат цврсто обземени од хормоните на среќата.

– Оргазмите се билет за спиење во еден правец. „По неверојатен секс и оргазам, вашиот мозок ослободува коктел од хормони кои прават да се чувствувате добро, како што се серотонин и окситоцин“, вели Енгл.

Окситоцинот ја зајакнува љубовта и врските меѓу партнерите, а ослободувањето на овој хормон пред спиење создава позитивни чувства кон партнерот.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma