ДАЛИ ЈАБОЛКОТО ТРЕБА ДА СЕ ИЗЛУПИ ПРЕД ДА ГО ЈАДЕТЕ? Можеби не сте знаеле што има во НЕГОВАТА КОРА

popara20 ноември, 20211min00
513523_jabuke_ls

Се чини дека сода бикарбоната ги разградува молекулите на пестицидите и на тој начин помага во чистењето на вашето овошје

„Кората од јаболкото може да содржи 90 отсто од постоечките пестициди, но и 50 отсто хранливи материи“, вели Џо Робинсон.

Таа препорачува да се купат јаболка од органско земјоделство и да се јаде кората. Ако тоа не е можно, вели дека овошјето може да го измиете во сода бикарбона. Според истражувањето објавено во „Journal of Agricultural and Food Chemistry“, натопувањето на јаболка во вода и сода бикарбона 12 до 15 минути може да отстрани 80 отсто од фунгицидот што може да навлезе во кората. Смесата ќе отстрани и 96 проценти од пестицидите. Миењето во обична вода од чешма не е толку ефикасно.

Се чини дека сода бикарбоната ги разградува молекулите на пестицидите и на тој начин помага во чистењето на вашето овошје. Идеален размер за чистење е две чаши вода и една кафена лажичка сода бикарбона.

Освен јаболката, многу здрава е и кората од лубеницата. Содржи аминокиселина цитрулин, која го подобрува внесот на кислород за време на вежбите за издржливост. За да ја намалите горчината на кората, јадете ја закиселена. Можете да ја киселите во мешавина од сок од лимета, сол, оцет, шеќер и зачини.

Можете да пробате и лимонска сол, односно мешавина од кора од лимон со прстофат сол за да ги зачините рибата и месото. Аромата на оваа кора може да го подобри вашето расположение.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag