Палтото е една од неизбежните зимски облеки. И додека љубителите на полежерен стил на облекување претпочитаат различни типови на јакни, жените кои претпочитаат елеганција почесто избираат палта.
Очекувано, меѓу најелегантните и најбараните модели на капути се оние во неутрални бои за сите временски услови. Секако, станува збор за модели во црна и беж боја.
Прилагодливи за сите прилики и незабележителни, црните и (или) беж палтата се едно од оние парчиња кои вреди да ги имате во плакарот бидејќи навистина не можете да погрешите со нив.
Тоа го знае и Анџелина Џоли, која најчесто ја гледаме кај овие модели. Познатата 46-годишна американска актерка отишла на шопинг со својот 18-годишен син Пакс облечена во многу едноставна комбинација, во која доминира црно палто.
Неодамна во неколку наврати беше видена во друштво на своите деца во беж капут. Анџелина редовно ги менува моделите во овие две бои и само повремено игра комбинации со сив или бел капут.
Сепак, таа е најверна на црната и беж боја, кои со години доминираат во нејзината гардероба.