Денес ја носи титулата најубав на Светот, а малкумина знаат како живеел пред само две години!

popara23 декември, 20211min00
Screenshot_5

Микеле Мороне е еден од најпопуларните италијански актери на денешницата и сето тоа благодарение на филмот „365 дена“, по кој неговиот живот целосно се променил.

 

Италијанскиот актер и модел Микеле Мороне е познат како еден од најпосакуваните мажи на денешницата, откако се појави во еротскиот филм „365 дена“, а деновиве беше и главната ѕвезда на првиот филмски фестивал во Саудиска Арабија.

 

31-годишниот Микеле се прошета на црвениот тепих во елегантен костум со пруги, а на својот Инстаграм профил сподели неколку фотографии, добивајќи стотици илјади лајкови и коментари.

 

Фотографиите погледнете ги ТУКА.

 

„Најубавиот момент од денот е кога ќе те видам“, „Каков господин“, „Ти си единствениот“, „Не можам“, „Изгледаш зрело и елегантно“, „Доктор за љубов“ , „Костумот одлично ти стои“, „Многу сум горд на тебе“, те сакам милион пати“, Ти си најубава на светот“, се дел од коментарите кои секојдневно ги добива.

 

Микеле ги излудуваше жените ширум светот, а откако се појави во „365 дена“, неговата популарност постојано расте и сега има скоро 13 милиони следбеници на Инстаграм, што го прави четвртиот најследен човек на италијанските социјални мрежи.

 

„Филмот промени многу работи. Привлеков поголемо внимание и добив многу деловни понуди. Но, јас сум истата личност како пред десет години”, изјави тој во интервју за италијанските медиуми.

 

Микеле моментално е слободен, а зад него е неуспешниот брак со либанската стилистка Руба Саадех, со која има два сина, а само две години пред светската слава бил на работ на депресија и живеел во мало село во северна Италија. Двојката се разведе во 2018 година, а потоа се шпекулираше дека се гледа со балерината Елена Д’Амарио. И покрај тоа што беше женет и поврзуван со убавици, некои се сомневаа во неговата сексуална определба, откако тој на Инстаграм објави фотографија на која позира во прегратките на манекенот и актер Симон Сусин.

 

Покрај со актерство, денес успешно се занимава и со манекенство, издаде свој парфем и колекција женски костими за капење. Тој не ја запостави ниту својата музичка кариера, а некои од неговите песни се најдоа во филм кој суштински му го промени животот.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma