Многумина истакнуваат дека ова масло кое со својот мирис не носи на егзотични плажи е одлично за нега на кожата бидејќи содржи голем број состојки кои и даваат мекост и еластичност. Оваа состојка е позната по својата повеќенаменска употреба во светот на убавината и здравјето.
Кокосовото масло се извлекува од месото на зрели кокосови ореви, кои се наоѓаат на специјални кокосови палми. За употреба во нега на кожата се препорачува нерафинирано, девствено или екстра девствено, ладно цедено кокосово масло, истакнува д-р Сузан Фридлер од Њујорк.
Значи, јасно е дека ова е производ кој мора да биде природен и произведен на посебен начин, па затоа треба да внимавате од каде го набавувате. Една од главните улоги што може да ја игра кокосовото масло во вашата секојдневна рутина за нега на кожата, без разлика на возраста, е длабоката хидратација. Погоден е за сите типови на кожа на лицето и може да се комбинира со други природни производи како креми со шеа путер, алое вера и слично.
Кокосовото масло е богато со масни киселини, пред се има лауринска киселина која има одлични антибактериски и антимикробни својства. Тука е и линолеинската киселина, која е позната по своите хидрантни својства.
Навлажнувачките својства на кокосовото масло можат да бидат корисни за подобрување на заштитната функција на кожата, што е многу корисно доколку имате сува, чувствителна кожа или атопичен дерматитис. Покрај тоа што е супер хидратантно, кокосовото масло има способност да делува и како заштитен слој на врвот на кожата, а исто така го спречува трансепидермалното губење на вода (кога влагата поминува низ кожата и испарува во воздухот). Исто така, кокосовото масло е многу добро за хидратација по прекумерна изложеност на УВ зраци.