Младешкиот изглед во зрелоста не е условен од генетиката, туку од добрите животни навики, е заклучокот од студијата спроведена на американскиот универзитет Харвард.
Имено, истражувачите откриле дека жените кои повеќе спијат, се грижат за исхраната, пиеле витамини и минерали, редовно користат креми за хидратација на кожата и ја одржуваат телесната тежина во нормални граници, изгледаат дури една деценија помладo од своите години.
Од друга страна, жените кои не се придржувале до овие животни навики изгледаaт постаро. Оваа студија покажа дека добрите навики ги намалуваат ефектите од стареењето дури и кај жените кои имале „полоша“ генетика, односно чии родители во староста имале значително повеќе брчки и послаб тон на кожата.
Ослободете се од овие грди навики
Потврдено е и дека сончањето и пушењето се најштетни за младешкиот изглед. Исто така, интересно е да се заклучи дека жените со прекумерна тежина ја намалуваат шансата да изгледаат младо кога ќе наполнат 50 години. Причината за тоа е што прекумерната тежина во староста го нарушува целосното здравје.
– Студијата дефинитивно покажа дека младешкиот изглед во зрелоста најмногу е условен од начинот на живот и надворешните влијанија, додека генетиката има многу мало влијание – изјави д-р Фрок Нојсер, еден од главните истражувачи на овој проект.
– Генетиката е пресудна само кај оние жени кои природно имаат посува кожа. Како резултат на тоа, тие имаат 30 отсто помали шанси да изгледаат помладо во педесеттите години.