Човекот може да биде слаб и без очигледни здравствени проблеми, а сепак да има висок холестерол во крвта
Бидејќи високиот холестерол е главната причина за многу кардиоваскуларни болести, проверката на неговиот статус е од голема важност. Може да откриете висок холестерол и ако само се погледнете во огледало
Земете огледало и отворете ги очите широко. Постои можност да ги забележите симптомите на висок холестерол. Ова е особено важно ако долго време не сте направиле тест на крвта.
Обрнете внимание на рожницата
Промената на рожницата може да биде знак за висок холестерол. На малата конусна заштита на зеницата на окото може да се појави белузлав прстен. Промената на бојата може да се забележи на самата зеница.
Не паничете однапред
Имајте на ум дека овој знак не е нужно поврзан со висок холестерол и може да се појави во подоцнежните години. Се разбира, доколку забележите какви било промени, задолжително контактирајте го вашиот избран лекар.
Нормалните вредности на маснотиите во крвта се:
вкупно 5,2 mmol/l, од кои
ЛДЛ холестерол 3,4 mmol / l („лош“ холестерол)
ХДЛ холестерол повеќе од 1,6 mmol/l („добар“ холестерол) и
триглицериди помалку од 1,70 mmol / l.
И додека високото ниво на добар холестерол не е знак на тревога, лошиот холестерол бара соодветна терапија.