Докажано е што подобро „работи“ наутро: Дознајте дали треба да пиете кафе со или без кофеин!

popara6 ноември, 20211min00
3867_drinking-ge4a26303c-1280_f

Прелиминарните резултати, објавени минатиот викенд во САД на конференција за варење, тврдеа дека кафето без кофеин нема никаква врска со лаксативното дејство. Но, на истата конференција беше објавено и дека кафето може да ги убие бактериите кои се наоѓаат во нашите црева.

Затоа, истражувачите од Универзитетот во Тексас одлучија да направат еден тест и да утврдат дали овие резултати се валидни. Истражувачите им давале на глувците редовни мали дози кафе. Едната група глувци примала кафе со кофеин, а другата без. Научниците потоа го следеле варењето на глувците и излачувањето на изметот.

Резултатите покажале дека мускулите на органите за варење полесно се собираат после пиење кафе, што значи дека работите се движат побрзо.

– Кафето го има ова стимулирачко дејство на подвижноста во внатрешноста на цревата, а воопшто не е поврзано со кофеинот. Овој ефект можевме да го видиме и со внесувањето на кафе без кофеин – изјави за „Гизмодо“ водачот на истражувањето, Џуан-Женг Ши.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma