Не ви се потребни големи вештини за да ги подготвите најсочните мексикански закуски за целото семејство. Засукајте ги ракавите и почнете да го подготвувате ова јадење!
Состојки:
1 авокадо
1 домат
тортиљи за тако
300 гр мелено месо
сос од домати
зачини по желба
зелена салата
Подготовка:
Пред да започнете со подготовка, излупете го авокадото и заедно со доматот исечете го на коцки кои се погодни за мали залаци.
Потоа на малку маслиново масло ставете мелено месо да се пржи. После тоа – прелијте го месото со сос од домати и оставете да се крчка.
Кога целото месо ќе се издинста, ставете го во тортиљите за тако, во кои претходно сте ставиле еден слој зелена салата, а потоа врз месото ставете го кашкавалот. Сето тоа ставете го во рерна додека да се растопи кашкавалот. Кога ќе се растопи, ставете го претходно подготвеното авокадо и домат и вашето јадење е готово.