Купивте нова облека и ја облековте без претходно да ја измиете? Тоа никогаш не треба да го правите, пред се за вашето здравје!
Врз основа на резултатите од неодамнешното истражување, утврдено е дека дури третина од луѓето не ја перат облеката што ја купуваат пред да ја облечат, вклучително и долната облека, што експертите го сметаат за многу опасно по здравјето.
– Оваа навика може да има сериозни последици по здравјето на кожата, вклучувајќи контактен и иритирачки дерматитис, како и разни габични и бактериски инфекции – истакна еден од авторите на истражувањето.
Како парче облека што е особено валкано и како такво опасно за носење пред перење, го споменуваат градникот бидејќи многу жени го пробуваат во продавниците, а и вработените во продавницата ја допираат робата со валкани раце.
– Посебно може да биде опасно за мајките кои имаат деца, бидејќи се чувствителни на маститис и инфекции на дојката – предупредува биохемичарката.
Таа наведува дека е многу важно да ја испереме целата облека што ја купуваме поради уште еден детаљ.
– Тоа е неопходно да се направи и поради иритацијата на кожата која ја предизвикуваат боите на облеката. Важно е луѓето да се свесни за ризиците од неизмиената облека, како и за пробаните чевли, сè треба да се измие или дезинфицира – заклучи биохемичарката Ели Меклеман.