ЕВЕ ЗОШТО СЕКОЈА ЖЕНА ВО БИВША ЈУГОСЛАВИЈА НОСЕЛА КОМБИНЕЗОН: Без ова не се можело!

popara21 ноември, 20211min00
234775_shutterstock-1360706639_ls

Долната облека во форма на комбинезони е нешто што секоја жена во Југославија го имаше и со задоволство го носеше.

Тоа е она парче свилена ткаенина со тантела што жените би го носеле преку градник и гаќички, а под фустан или здолниште во комбинација со кошула.

Еве неколку причини зошто носеле комбинезони:

Мода – во старите шеесетти и седумдесетти години од минатиот век, комбинезонот беше свилен, од тантела и прекрасен. Жените сакаа да го имаат во различни бои и изглед. Толку убаво изработен, комбинезонот само ќе им ја гали кожата, а сè што доаѓаше преку него не беше толку важно.

Естетика – комбинезонот имал не само хигиенска функција, туку и естетска. Кога жената носи комбинезон, не мора да се грижи дали фустанот или кошулата ѝ се проѕирни и дали ѝ „врие салото“ од страна. Доволно е да облече комбинезон и таа го решила проблемот.

Практичност – здолништата и фустаните често се направени од синтетички материјали, па комбинезонот ги спречуваше да се „залепат“ за нозете. Дополнително, во тие години фустаните и здолништата не се переле секој час, поради недостаток на машини за перење, па затоа било полесно да се мие комбинезонот отколку целата комбинација на облека.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag