Зад Ким Кардашијан и Парис Хилтон стои долгогодишно пријателство полно со скандали. Благодарение на Парис, Кардашијан дошол на идеја да го сними реалното шоу „Keeping up with the Kardashians“.
Таа вчера беше видена на венчавката на богатата наследничка на семејството Хилтон, во креација која го одзема здивот.
Свежо разведената Ким Кардашијан дојде во црн фустан на Рик Овенс, со екстремно отворено деколте и широко здолниште, облечена во црни тесни чизми кои целосно и ги покриваа нозете.
Долгата црна коса ја залижа во ниско опавче со долга плетенка, а на ушите носеше црни прстени.
Очите ги истакна со драматична шминка, а во рацете носеше црна мини чанта.
Сите се согласуваат дека со овој потег Ким го привлече вниманието на себе и дека нема човек кој не ја забележал старлетата на гламурозната свадба!