На панелот наречен „The Internet Lie Machine“, организирано од американското списание за технологија и култура „Wired“, Хари ја отвори темата за интернет омразата и начинот на кој таа е насочена кон неговата сопруга Меган Маркл.
Откако Хари и Меган се преселија во Калифорнија минатата година за да водат понезависен живот, Хари во интервјуто со Опра рече дека дел од причината за нивното заминување од кралското семејство бил и расистичкиот однос на британските таблоидни медиуми кон Меган, чија мајка е со темна кожа.
Истражувањето објавено во октомври од страна на аналитичарот на социјалните медиуми, Бот Сентинел, идентификуваше 83 профили на Твитер за кои се тврди дека се одговорни за 70% од содржината на омраза и дезинформации насочени кон Меган и Хари.
https://www.instagram.com/p/CVRXMRHMLWk/?utm_source=ig_embed&ig_rid=364f0ceb-500c-4501-b7ad-82dfc8d124ee