ЕВТИНАТА, А МОЌНА НАМИРНИЦА ГО НАМАЛУВА ПРИТИСОКОТ ЗА ЧАС Ги чисти масните наслаги од крвта и го зајакнува срцевиот мускул

popara8 декември, 20211min00
Screenshot 2021-12-08 143558

Масните киселини кои ги содржат овие темни зрна можат да го намалат нивото на холестерол во крвта, што е исклучително важно за спречување на атеросклероза.

Луѓето кои се на терапија поради хипертензија знаат и како да си помогнат кога притисокот нагло ќе скокне, а не е време за лекови. Кардиолозите велат дека со помош на вистинската храна не само што можете да го намалите притисокот, туку и доколку се зема редовно го регулира на дневно ниво.

А една супер намирница која помага во намалување на крвниот притисок во моментов се сè попопуларните чиа семиња. Според нутриционистката Олга Чунтон, оваа суперхрана е генерално многу корисна за срцевиот мускул и крвните садови.

Чиа семето има корисен ефект врз крвниот притисок. Масните киселини кои ги содржат овие темни зрна можат да го намалат нивото на холестерол во крвта, што е исклучително важно за спречување на атеросклероза и намалување на ризикот од кардиоваскуларни заболувања. Содржат големи количини на магнезиум и калиум кои влијаат на крвниот притисок“, вели нутриционистката.

Најдобро со салати

Овие семки станаа исклучително популарни во последните години, нутриционистите и диететичарите ги промовираат како исклучително здрави, а речиси и да не постои диета која не ги содржи. Во продавниците за здрава храна 100 гр чинат околу 70 денари, што е количина која ќе ви трае најмалку една недела. Се препорачува да ги додавате во салатите, по една лажица три пати на ден за да имаат ефект и навистина да го намалите притисокот.

Експертите забележуваат дека ако луѓето кои страдаат од хипертензија редовно јадат оброци збогатени со овие семиња, нивото на притисок брзо ќе се врати во нормала. Логично, оваа храна не се препорачува за луѓе кои имаат проблеми со хронично низок крвен притисок.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma