Кралското семејство е луто на Би-Би-Си поради документарниот филм кој упатува грди обвинувања за принцовите Хари и Вилијам.
Кралското семејство е вознемирено поради документарниот филм на БиБиСи „Принцовите и печатот“ и се заканува дека ќе ги бојкотира претстојните британски телевизиски проекти доколку не им даде шанса да одговорат на штетните обвинувања.
Извори за Дејли Мејл изјавија дека не е вистина дека принцот Вилијам бил известуван од неговите помошници за неговиот брат, принцот Хари за време на сагата Мегксит, а потоа информацијата дополнително била пренесена до медиумите. Документарецот се занимава со известување за принцовите во британските медиуми и врската на Хари со Меган и одлуката да се повлече од кралското семејство и да се пресели во Америка.
Исто така, се сугерира дека браќата обелоденија негативни информации еден за друг во медиумите. Кралицата Елизабета Втора и принцовите Чарлс и Вилијам се многу лути на Би-Би-Си поради нивната приказна. Изворот вели дека молчеле од Бакингемската палата дури и кога бил најлошиот период на Мегзит бидејќи не сакале Меган и Хари да ги „влечат во зајачката дупка“.
Интересно е што точната содржина на документарниот филм од два дела се чува во строга тајност. За него е заслужен амбициозниот Амол Рајан, самопрогласен републиканец кој своевремено изјави дека монархијата е апсурдна и дека медиумите се пропагандна алатка на кралското семејство.
Но, иако повеќето не се противат што Амол да го изрази своето лично и прилично субјективно мислење, за многумина е чудно што кралското семејство не добило право да одговори на овие обвинувања.
Меѓутоа, за да го сторат тоа, тие мора да го погледнат документарниот филм кој Би-Би-Си не е подготвен да го пружи. Колку грдите тврдења дека принцовите Вилијам и Хари се уништиле меѓусебно со помош на нивните помошници преку британските медиуми, ќе му наштетат на и онака лошиот однос, ќе покаже времето.
Покрај тоа, ќе биде интересно да се види како во иднина кралското семејство ќе комуницира со Би-Би-Си, националната телевизија со која релативно добро соработуваа.