Американскиот актерски пар, 47-годишната Ева Мендес и 41-годишниот Рајан Гослинг се заедно од 2011 година и сите се уште чекаат да дојде денот кога ќе го кажат судбоносното „да“.
Тие добија две девојчиња од врската, Есмералда и Аманда Ли, а иако во неколку наврати се пишуваше за разни тепачки, сепак успешно ја „туркаат“ својата врска без никакви јавни скандали. Светските медиуми пред околу две години пишуваа дека славното дуо влегло во жестока расправија за време на роденденот на Ева, а се шпекулираше дека причината се разликите во мислењата бидејќи Ева наводно е премногу параноична за папараците и сака да го држи приватниот живот подалеку од медиумите. На Рајан, пак, наводно му било доста од нејзиното однесување. „На Рајан му е доста од криење. Ја моли Ева да излезе од вилата и да се покаже јавно“, биле зборовите со кои изворот за споменатиот медиум потоа ја опишал ситуацијата со овој холивудски пар.
И додека во тоа време се пишуваше многу за можно раскинување, се чини дека сето тоа беше само измислица бидејќи гледаме дека после една деценија врската се уште е многу стабилна. Во 2011 година се распламна на снимањето на филмот „The Place Beyond the Pine“ и оттогаш нивната љубов процвета.
Не ги гледаме често заедно во јавноста, а ретко зборуваат еден за друг на интервјуа. Сепак, актерката еднаш призна дека никогаш не размислувала за мајчинството додека не го запознала. „Ми се случи Рајан Гослинг. Мислам, заљубување во него. Тогаш едноставно ми беше логично да имам деца. Тоа е многу специфично со него“, рече таа еднаш. А децата не се ни свесни дека нивните родители се многу познати. „Ние сме само мама и тато и се трудиме да останеме така што е можно подолго“, признала таа во интервју за Опра.
И додека Ева има Инстаграм и нема фотографии на него, Рајан сè уште не се пробал на популарната платформа, сепак, актерката никогаш не споделила семејни фотографии таму. „Имам граница кога станува збор за маж и деца. Ќе зборувам за нив, и покрај границите, но нема да објавувам фотографии од нашето секојдневие. А нашите деца се уште се мали, не знам зошто е толку важно да се види како изгледаат. Нема да ги објавам додека не станат доволно возрасни за да ми дадат дозвола да го сторам тоа“, рече таа еднаш.